Инфо

Чадеж е претседател, а Азески заменик претседател на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан

Дајцата први луѓе на КИФ ќе имаат четири години за да го разработат регионалниот пазар и со тоа да им помогнат на компаниите да ги искористат средствата предвидени во рамки на Берлинскиот процес

вторник, 03 јули 2018

Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж е избран за претседател, а првиот човек на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески за заменик-претседател на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (КИФ) со седиште во Трст. Нивниот мандат ќе биде четири години.

„Изборот на двоецот Чадеж – Азески е нов предизвик и нова можност да се разигра регионалниот пазар и со тоа да им се помогне на компаниите да ги искористат можностите и средствата предвидени во рамките на ’Берлинскиот процес’. Македонските компании со ова добиваат нова можност да се вклучат во проектите на Европската унија кои се поврзани со заедничкиот настап на трети пазари, за создавање регионални синџири на производство и забрзување на протокот на стоки и услуги, прашања кои до сега беа сериозен проблем за зголемување на трговската размена“, велат од Стопанската комора на Македонија.
 

Содржината е прочитана 33 пати.