Инфо

Од утре до сабота ќе се прска против комарци во Скопје

Ќе се прска во периодот од 23 до 04 часот наредниот ден

понеделник, 02 јули 2018

Од утре па до сабота 7 јули ќе се спроведе првата фаза од терестричната дезинсекција на подрачјето на Скопје против возрасни форми на комарци. Ќе се прска во периодот од 23 до 04 часот наредниот ден.

Од Градот Скопје ги информираат граѓаните дека доколку временските услови не бидат поволни и не ја дозволуваат дезинсекцијата, истата ќе се изврши кога ќе бидат времето ќе се подобри.

Истовремено се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.


 

Содржината е прочитана 52 пати.