Инфо

Струјата поевтинува за 0,1 отсто

Новата цена на електричната енергија ќе важи од 1 јули годинава, одлучи Регулатроната комисија за енергетика

петок, 29 јуни 2018

Цената на електричната енергија за потрошувачите во Македонија се намалува за 0,1 проценти. Овата пониска цена на струјата ќе важи од 1 јули годинава.

Одлуката денеска ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Како што информираше претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски одлучено е цената на ЕЛЕМ за производство да се намали за 3,39 проценти, на АД МЕПСО за дистрибуција за 5,34 отсто, додека цената на ЕВН Македонија за дистрибуција да се зголеми за 2,59 проценти.

Вчера од РКЕ информираа дека ЕВН побарала зголемување на цената за 9, ЕЛЕМ намалување за 1,5 отсто, додека МЕПСО не побарале ниту зголемување, ниту намалување на цената.
 

Содржината е прочитана 66 пати.