Инфо

Раст на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во мај годинава се повисоки за 0,7 проценти на месечно, односно, за 0,5 отсто на годишно ниво

петок, 29 јуни 2018

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во мај годинава се повисоки за 0,7 проценти на месечно, а за 0,5 отсто на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во споредба со април оваа година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка и тоа за 1,4 отсто и во Енергија за 0,5 отсто.

Во мај годинава во споредба со мај 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 2,9 проценти, во Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2 и во Трајни производи за широка потрошувачка за 1,6 проценти.
 

Содржината е прочитана 75 пати.