Инфо

Хонг Конг е најскап град за живот за странци, Скопје е меѓу најевтините

Листата од 209 најскапи градови што ја изготви консултантската куќа „Мерцер“, ја предводат азиските градови Токио, Сингапур и Сеул, меѓу кои се најде и европскиот Цирих. Главниот град на Македонија е позициониран на 197 место

четврток, 28 јуни 2018

Четири од петте најскапи градови за живот за странци се од Азија. На прво место е Хонг Конг, по што следуваат Токио, Цирих и Сингапур, додека Сеул е петти, а во топ 10 листата вклучени се и Луанда, Шангај на седмо, Пекинг на осмо место, главниот град на Чад – Нџемена и Берн.

Ова го покажало најновото истражување на консултантската куќа „Мерцер“, кое во предвид ги зема трошоците што ги имаат странците кои работат во други земји релативно подолг временки период. Притоа се разгледувани трошоци по 200 основи, меѓу кои облеката, транспортот, храната, забавата, кафето, бензинот...
Помеѓу вкупно 209 градови, Скопје се наоѓа на 197. место на листата најскапи градови за живот за странци во 2018 година.

Покрај Цирих, најскапите градови во Европа се Берн на 10 и Женева на 11 место, додека Лондон е рангиран на 19 позиција што е за 10 места повисоко од лани, а Париз сега се наоѓа на 34 место што претставува скок од 28 места во однос на ланската листа. Повисоко во споредба со минатата година има речиси кај сите европски градови, па така, Рим годинава е рангирн на 46 позиција, а Виена на 39-та. Потоа следуваат германските градови Минхен, Берлин и Франкфурт.

Од регионот најскап град за странци е Љубљана (132 место), зад неа е Загреб кој се наоѓа на 138 место, следуваат Тирана (172), Софија (175) и Белград на 181 позиција.

Во САД најскап град е Њујорк кој годинава е рангиран на 13 место, а по него на листата се Сан Франциско на 28 и Лос Анџелес на 35 место. Од Блискоисточните градови прв е Тел Авив – на 16 позиција, потоа следат Дубаи на 26 и Абу Даби на 40 место.

На последно 209 место, како најевтин град за живот се наоѓа Ташкент, главниот град на Узбекистан.
 

Содржината е прочитана 46 пати.