Инфо

Јавниот долг на Македонија во 2017 година бил над 4 милијарди евра

Во годишниот извештај на Министерството за финансии се вели дека државниот долг на крајот на минатата година изнесувал 3.958,5 милиони евра, што е 39,3 проценти од БДП, според кој Македонија останува умерено задолжена земја со државен долг

среда, 27 јуни 2018

Јавниот долг на Република Македонија на крајот на 2017 година изнесувал 4.786,9 милиони евра што претставува 47,6 отсто во однос на БДП, се вели во годишниот извештај на Министерството за финансии, што Владата го прифати на вчерашната седница. Две третини од долгот, поточно, 3.187,5 милиони евра од вкупната сума отпаѓаат на надворешниот, додека 1.599,4 милиони евра на внатрешниот јавен долг.

Според извештајот, државниот долг на крајот на 2017 година изнесувал 3.958,5 милиони евра и е 39,3 проценти од БДП. Од Владата појаснуваат дека со ова ниво на државен долг Македонија и натаму останува умерено задолжена земја со државен долг, кој е далеку понизок од просечното ниво на долг на земјите на ЕУ, кој на крајот на 2017 година изнесувал 81,6 отсто.

Во годишниот извештај на Министерството за финансии се наведува и дека бројот на вработени лани се зголемил за 2,4 проценти во однос на претходната 2016 година.

 

Содржината е прочитана 72 пати.