Инфо

Укината забраната за продажба на алкохол по 19 часот

Со измените на Законот за трговија се дозволува и киосците да продаваат алкохолни пијалоци, а останува забраната за продавниците што се во состав на бензинските станици

среда, 27 јуни 2018

Во иднина повторно ќе може да се купува алкохол и по 19 часот. Пратениците вчера ги усвоија измените на Законот за трговија со кои се укинува забраната за продажба на алкохолни пијалоци по 19 часот, што беше воведена во 2008 година.

Со законските измени се дозволува и продажба на алкохолни пијалаци во киосците, додека останува забраната за продажба во продавниците што се во состав на бензинските пумпи, како и забраната за продажба на алкохол на лица помлади од 18 години.

За да можат да продаваат алкохолни пијалаци, трговските објекти и понатаму треба да поседуваат соодветни лиценци.
 

Содржината е прочитана 85 пати.