Инфо

Владата двојно ја зголеми субвенцијата за откуп на доматите

Мерката предвидува земјоделците кои од денеска до 15 јули годинава ќе ги предадат доматите во преработувачки капацитети или преку регистриран откупувач, наместо три, да добијат седум денари субвенции за килограм

вторник, 26 јуни 2018

Владата усвои интервентна мерка со која двојно ги зголеми субвенциите за откупените домати. Со мерката, што е донесена на иницијатива на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство земјоделците кои од денеска до 15 јули годинава ќе ги предадат доматите во преработувачки капацитети или преку регистриран откупувач, наместо три, ќе добијат седум денари субвенции за килограм.

За исплатата на зголемената субвенција се предвидени два милиони денари.

„Субвенцијата ја зголемивме поради нарушениот баланс меѓу понудата и побарувачката, како и ниската откупна цена. Очекуваме во определениот период да бидат откупени околу 500 тони домати“, рече министерот за земјоделство Љупчо Николовски на прес-конференција во Владата.

Со оваа мерка се очекува да се стабилизира пазарот на домати, а вишокот на производство да заврши како суровина во преработувачката индустрија.

 

Содржината е прочитана 40 пати.