Инфо

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Првиот потрес со јачина од 5,4 степени по Рихтер е на југот на земјата, во морето во близина на Пелопонез, а вториот на север, во близина на Солун е со магнитуда од 4,3 степени

понеделник, 25 јуни 2018

Два силни земјотреса ја погодија денеска Грција, првиот на југот на земјата, во морето во близина на Пелопонез, а вториот на север, во близина на Солун. Нема информации за повредени или за причинета материјална штета.

Грчките власти соопштија дека јужниот дел од земјата бил погоден од земјотрес со магнитуда од 5,4 степени по Рихтер. Епицентарот на потресот бил 70 километри југозападно од градот Каламата на Пелопонез, 37 километри југозападно од Пилос и на длабочина од 30 километри.

Подоцна, втор земјотрес со јачина од 4,3 степени ја погодил областа североисточно од Солун, помеѓу Аскос и Евангелизмот. Епицентарот на овој земјотрес бил 34 километри од Солун и на длабочина од околу пет километри.

Грчките медиуми пренесоа дека имало уште два помали потреса од 3,7 и од 2,7 степени по Рихтер.
 

Содржината е прочитана 192 пати.