Инфо

Бензините поевтинуваат за еден денар, дизелот останува со иста цена

Од полноќ Еуросупер 98 ќе се продава по цена од 73 денари за литар, додека Еуросупер 95 ќе чини 71 денар за еден литар

понеделник, 25 јуни 2018

Од ноќеска на полноќ бензините ќе поевтинат за еден денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Тоа значи дека новата цена на Еуросупер 98 ќе биде 73 денари за литар, а Еуросупер 95 ќе се продава по 71 денар за литар. Дизелот и натаму ќе чини 63,5 денари за еден литар.

Според одлуката на Регулаторната комисија, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 52,00 денари за литар, додека мазутот М-1 НС ќе поевтини за 0,09 денари за килограм и ќе се продава по 33,695 денари за килограм.

 

Содржината е прочитана 58 пати.