Инфо

Заев: „Не е утврдена границата за прогресивно оданочување“

Премиерот вели дека даночната реформа ќе се прави со јавна дебата каде што граѓаните ќе го имаат својот глас, но смета дека сега не е најпогоден момент за такво нешто

петок, 22 јуни 2018

Владата сè уште нема утврдено која ќе биде границата за прогресивно оданочување, изјави премиерот Зоран Заев како реакција на гласините дека повисок данок од 18 отсто ќе плаќаат граѓаните кои имаат приходи поголеми од 1.000 евра.

Заев смета дека за тоа треба да одлучат граѓаните, поради што и даночната реформа ќе се прави со јавна дебата на која тие ќе можат да го кажат своето мислење. Тој уште еднаш го повтори својот став дека оние кои имаат поголеми приходи треба да платат и повисок данок.

Сепак, премиерот смета дека сега не е погоден момент да се отвори дебатата за даночната реформа, бидејќи, како што рече, фокусот на граѓаните се политичките случувања во државата. Но, сигурно е дека пред први јануари 2019 година нема да има прогресивно оданочување.
 

Содржината е прочитана 63 пати.