Инфо

Охридска банка Сосиете Женерал формира Клуб на таленти

Клубот ќе функционира на база на конкурси што ќе се објавуваат во текот на годината на одредена тема, со цел да пронаоѓа и да им даде финансиска поддршка на младите таленти

петок, 22 јуни 2018

Охридска банка Сосиете Женерал формира Клуб на таленти наменет за сите млади таленти и потенцијали во различни области. Платформата за општествена одговорност наречена ОБСГ Клуб на таленти ќе има за цел да пронаоѓа млади, амбициозни и талентирани лица во различни области и финансиски да ги поддржува.

ОБСГ Клуб на таленти, како концепт, ќе функционира на база на конкурси што ќе се објавуваат во текот на годината на одредена тема. Сите заинтересирани кои ќе ги исполнуваат условите ќе може да се пријавуваат, а Банката, како основач на Клубот, заедно со однапред дефинирано стручно жири во секоја област ќе избира финалисти и еден победник кој ќе биде финансиски награден и поддржан од страна на Банката.

Првиот конкурс на Банката заедно со темата и условите за учество, во рамки на Клубот на таленти ќе биде објавен на почетокот на јули годинава.

„Како општествено одговорна компанија со сериозен годишен план, искрено сме насочени кон помагање на заедницата. Ја создаваме платформата за општествена одговорност наречена ОБСГ Клуб на таленти, со цел под една капа да ги ставиме сите наши заложби во оваа насока. Минатата година со 10.000 евра поддржавме една одлична бизнис идеја, која денес прерасна во сериозен бизнис. Овој пат, преку конкурси во различни области ќе се насочиме во други насоки. Сакаме да оставиме белег и придонес во општеството и истовремено да дадеме поддршка на младите потенцијали на нашата земја, токму кога тоа им е најпотребно“, изјави Нина Неданоска, член на УО на Охридска банка Сосиете Женерал.

 

Содржината е прочитана 69 пати.