Инфо

Поради распустот не важат бесплатните средношколски билети за автобус

Учениците имаат можност да купат месечен билет за јули и за август по повластена цена од 600 денари

четврток, 21 јуни 2018

Поради летниот распуст од вчера (20.јуни) не важат бесплатните средношколски билети за јавниот градски превоз во Скопје и тие се веќе исклучени од интегрираниот тарифен систем.

Од ЈСП информираат дека претпријатието нуди можност средношколците да купат месечен билет за јули и за август по повластена цена од 600 денари за еден месец.
 

Содржината е прочитана 41 пати.