Инфо

Потпишани првите договори од ИПАРД 2

Ќе бидат потпишани вкупно 692 договори вредни 5,8 милиони евра. Најголем дел од средствата се за набавка на трактори, но има интерес и за мотокултиватори, ѓубре растурачи, прскалки, системи капка по капка...

четврток, 21 јуни 2018

Денеска, во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство официјално почна потпишувањето на договорите за искористување на средствата од Програмата ИПАРД 2.

Ќе бидат потпишани вкупно 692 договори вредни 5,8 милиони евра. Најголем дел од средствата се за набавка на трактори, но земјоделците покажале интерес и за приклучна механизација, мотокултиватори, ѓубре растурачи, прскалки, системи капка по капка, линии за транспорт на храна и друго.

„Ова е рекорден број на корисници на средства од постоењето на ИПАРД Програмата воопшто. Со оваа поддршка ќе се унапреди состојбата на фармите и земјоделските стопанства, а тоа ќе значи поголема конкурентност“, рече министерот Љупчо Николовски, пред доделувањето на договорите.

Најмногу апликации има од Пелагонискиот, а најмлаку од Полошкиот регион

„Апелирам до сите кои имаат потреба од унапредување на капацитетите, фармите или сакаат да го олеснат процесот на работа на нивите, да поднесат барања за добивање средства преку ИПАРД 2 Програмата“, рече директорот на Платежната агенција, Николе Бабовски и птироа укажа дека е поедноставена процедурата за конкурирање за ИПАРД 2 отако биле детектирани сите слабости на ИПАРД 1.

Од вкупно проектираните 5,8 милиони евра, колку што ќе е доделуваат, 4,3 милиони се европски пари, а 1,4 милиони евра се обезбедни преку домашно финансирање.
 

Содржината е прочитана 61 пати.