Инфо

Галерија на графити „Градот убав“ во ГТЦ во пресрет на 55 години од катастрофалниот земјотрес

Проектот имаше за цел да им овозможи на домашните уметници да се промовираат давајќи придонес за разубавување на својот град, а истовремено со ваквата улична уметност овој простор на ГТЦ да добие нова, поинаква функција која го вклопува во современите текови на живеење

четврток, 21 јуни 2018

Во пресрет на одбележувањето 55 години од катастрофалниот земјотрес од 1963 година, Скопје доби ново урбано обелжје – галерија на графити насловена „Градот убав“ која го разубави просторот во подрумскиот дел на ГТЦ.

На иницијатива на МКЦ, со поддршка на Град Скопје и на ГТЦ беше распишан конкурс за прва „Галериа на отвоерено“ на кој се јавија голем број уметници од кои беа избрани 20. На галеријата работеа: Антонио Илиевски, Блаже Атанасков, Давор Кешкец, Драган Китановски – Драш, Ермал Мусовиќ, Васил Димовски – Страјк, Цветан Неделковски, Ирина Цоневска, Иван Петрушевски – Флим, Марјан Димиќ, Миро Грчев, Младен Трендевски, Сали Ертунч, Сања Симоска, Селмир Алими – Есием, Зоки Мише – Шума, Трајче Павлов, Владимир Милиќ, Воскресија Андреевска, а идеен автор и проектен координатор е архитектот и уметник Филип Конески.

Проектот имаше за цел да им овозможи на домашните уметници да се промовираат давајќи придонес за разубавување на својот град, а истовремено со ваквата улична уметност овој простор на ГТЦ да добие нова, поинаква функција која го вклопува во современите текови на живеење.

Проектот е дел и од програмата CreArt (Network of Cities for Artistic Creation), која претставува мрежа на 14 партнерски градови и институции на европското културно богатство и разноликост.
 

Содржината е прочитана 113 пати.