Инфо

Комора за туризам: „Не наседнувајте на информациите дека аранжманите во Србија се поевтини од нашите“

Комората ги советува македонските туристи внимателно да ги читаат условите на понудите и на туристичките програми, за детално да се информираат пред да донесат одлука за уплаќање аранжман

среда, 20 јуни 2018

Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ) ги советува македонските граѓани да не наседнуваат на информациите дека турисичките аранжмани во Србија се поевтини од нашите. Од Комората тврдат дека цените на туристичките аранжмани зависат од видот на сместувањето и од дестинацијата.

Реакцијата на Комората доаѓа откако во јавноста се рашири веста дека туристичките аранжмани склучени во Србија се многу поевтини отколку ие кај македонските агенции, при што се повикуваат граѓаните да купуваат аранжмани преку српски агенции.

„Голем дел од агенциите во Србија, покрај објавената цена на аранжманот во евра, наплаќаат и динарски износ по лице за извршената резервација. Ги советуваме македонските туристи, секогаш внимателно да ги читаат условите на понудите и туристичките програми, за детално да се информираат пред да донесат одлука за уплаќање аранжман, независно дали во земјата или во странство, особено при он-лајн купувањето“, соопштуваат од Комората.

Оттаму апелираат да не се генерализираат поединечни искуства, бидејќи како што велат, на тој начин македонските туристи се доведуваат во заблуда, а се нанесува и штета на домашните туроператори.
 

Содржината е прочитана 117 пати.