Бизнис вести

Американската компанија „Теламон“ ќе вложи 4 милиони евра во капацитет во земјава

Според бизнис планот на компанијата, предвидени се 300 нови вработувања во првите 5 години

среда, 20 јуни 2018

Американската компанија „Теламон“ ќе вложи четири милиони евра во капацитет во земјава, во кој, според бизнис планот на компанијата, предвидени се 300 нови вработувања во првите пет години.

Информацијата за предлог–договорот за доделување на државна помош на друштво за производство и трговија „Теламон Европа Македонија ДООЕЛ Скопје“ министрите ја усвоија на вчерашната 75-та седница на Владата на Република Македонија.

„Теламон“ произведува машини за спојување, автоматски машини за сечење кабли, ленти, машини за пресекување и затворање.

Компанијата е една од најголемите во САД и има свои претставништва во Индијана, Илиноис, Калифорнија, Арканзас, Охајо, Њу Џерси, Канзас и Мисури, два меѓународни капацитета во Кина и еден во Мексико. Фабриката во Македонија ќе биде четврти меѓународен капацитет и седиште на „Теламон – Европа“.

Пренесено од МИА
 

Содржината е прочитана 44 пати.