Инфо

Минатата година имало 19,8 милијарди денари капитални инвестиции

Во предлог-завршната сметка на Буџетот на Македонија за 2017 година се вели дека лани вкупните приходи биле 179,706 милиони денари, додека вкупните расходи 196,561 милион денари

среда, 20 јуни 2018

Капиталните инвестиции минатата година изнесувале 19,8 милијарди денари, вкупните приходи биле 179,706 милиони денари, додека вкупните расходи 196,561 милион денари, се вели во предлог–завршната сметка на Буџетот на Република Македонија за 2017 година, што Владата ја усвои на вчерашната седница.

Бројот на вработени во 2017 се зголемил за 2,4 отсто во однос на 2016 година, со што просечната стапка на вработеност достигнала 44,1 проценти, а невработеноста се намалила на 22,4 отсто.

Просечната бруто-плата лани пораснала за 2,6 проценти на номинална основа, со тенденции на повисок раст во последната третина од годината, како резултат на покачувањето на минималната плата, се вели во информацијата од седницата на Владата.
 

Содржината е прочитана 54 пати.