Бизнис вести

Google ќе вложи 500 милиони долари во кинеската компанија за интернет трговија JD.com

Според договорот помеѓу двете компании, Google ќе добие 27,1 милион класа „А“ акции на JD.com за своите инвестиции, што претставува помалку од 1 процент од пазарната капитализација на кинескиот бренд

вторник, 19 јуни 2018

Google најави дека ќе вложи 500 милиони долари во кинеската компанија за интернет трговија JD.com, а во замена за вложените средства ќе добие 27,1 милион класа „А“ акции на JD.com за своите инвестиции, што претставува помалку од 1 процент од пазарната капитализација на кинескиот бренд.

Соработката ќе започне со тоа што преку Google Shopping, JD.com ќе започне да продава производи во Северна Америка и Европа. Преку партнерството, Google ќе истражува нови решенија за подобрување на шопинг искуството на потрошувачите низ целиот свет.

Ова е прво излегување на JD надвор од Кина и отвора интересни можности за компанијaта. JD.com, во сопственост на кинеската социјална медиумска група „Tencent“ и американскиот синџир на супермаркети „Walmart Inc“ е втора по големина компанија за електронска трговија по „Alibaba“ и нејзин главен ривал. Партнерството со Google се очекува дополнително да го вжешти судирот меѓу гигантите „Amazon“ и „Alibaba“ за азискиот интернет пазар, но и дополнително да ја искристализира поделбата на интернет пазарот меѓу трите најголеми играчи Amazon Alibaba и Google/ Walmart.
 

Содржината е прочитана 37 пати.