Инфо

Саемот за мебел во октомври во ВИП „Борис Трајковски“

Годинашното 44.издание на една од најатрактивните саемски манифестации ќе биде на вкупна површина од 8.000 квадратни метри изложбен простор којшто ќе се простира не само во ВИП Арената, туку и во надворешниот дел на комплексот каде ќе има најсовремени монтажни изложбени објекти

вторник, 19 јуни 2018

Саемот на мебел годинава ќе се одржи од 5-10 октомври во комплексот на ВИП Арена „Борис Трајковски“.

Од Скопски саем најавуваат дека годинашното 44.издание на една од најатрактивните саемски манифестации ќе биде на вкупна површина од 8.000 квадратни метри изложбен простор којшто ќе се простира не само во ВИП Арената, туку и во надворешниот дел на комплексот каде ќе има најсовремени монтажни изложбени објекти.

„Саемот на мебел е една од најпосетените саемски манифестации и традиционално е посетен од околу 50.000 посетители. Учество на саемот најавија најголемите производители и трговци на мебел од земјата и регионот, при што посетителите може да очекуваат дека понудата на најновите дизајни на мебел ќе биде мошне богата и разновидна за сечиј вкус. Секако, и оваа година изложувачите најавуваат големи саемски попусти“, велат од Скопски саем.

Истовремено се најавува и дека од 24 до 28 октомври во ВИП Арена „Борис Трајковски“ ќе се одржи најголемиот деловен саем „Технома“ заедно со Саемот на градежништво и „Реалекспо“.
 

Содржината е прочитана 52 пати.