Инфо

Жителите на Карпош можат да пријавуваат комунални проблеми на веб страница

На страницата www.prijavi.mk. карпошни можат да се пожалат на хигиената, на јавното осветлување, да пријават ударни дупки на улиците како и проблеми со други комунални услуги

понеделник, 18 јуни 2018

Жителите на општина Капош можат сите проблеми со кои се соочуваат во делот на заедничкото живеење во општината да ги пријавуваат преку веб страницата www.prijavi.mk.

Општина Капош и невладината организација НЕКСУС – Граѓански Концепт денеска потпишаа меморандум за соработка за одржување на оваа веб страница.

Карпошни можат да се пожалат на хигиената, на јавното осветлување, да пријават ударни дупки на улиците како и проблеми со други комунални услуги.

„На едноставен начин, со еден клик и споделување фотографија граѓаните на Карпош ќе може да пријават проблем, со што ќе заштедат и дел од своето време, а ќе се олесни работата и на општинската администрација“, рече градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.

Претседателката на НЕКСУС – Граѓански концепт, Афродита Муслиу поасни дека оваа платформа е дел од проектот „Граѓаните за општината: Работиме заедно за транспарентност и одговорност“, имплементиран од НЕКСУС и делумно поддржан со грант од амбасадата на САД во Скопје.
 

Содржината е прочитана 30 пати.