Инфо

Граѓански организации бараат да се повлече службената регистрациа на физичките лица како ДДВ обврзници

Вкупно 13 граѓански организации сметаат дека обврската УЈП да врши регистрација на физичките лица како обврзници на ДДВ е во спротивност со принципите на конструктивност и владеење на правото

понеделник, 18 јуни 2018

Вкупно 13 граѓански организации бараат од Владата да ја повлече законската обврска со која Управата за јавни приходи треба да врши службена регистрација на физичките лица како обврзници на ДДВ. Тие сметаат дека службената регистрација на физичките лица како обврзници на ДДВ е во спротивност со принципите на конструктивност и владеење на правото.

Меѓу потписниците на барањето се Центарот за економски анализи, Finance Think, Центарот за даночна политика, Евротинк, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Фондацијата Отворено општество Македонија, Институтот за демократија „Соцеатас цивилис“, Транспаренси интернешнел Македонија.

Граѓанските организации бараат да се организира дебата за потребата физичките лица да влезат во системот на ДДВ, јасно да се разделат авторските договори кои се надвор од опфатот на ДДВ од авторските договори кои се консултативни и може да бидат предмет на ДДВ цели, да се надгради регистарот на физички лица обврзници на ДДВ со јасно назначување на нивната самостојна стопанска дејност, УЈП да го надгради својот административен капацитет за ефикасно спроведување на законската измена и друго.
 

Содржината е прочитана 50 пати.