Бизнис вести

Петер: „Договорот меѓу Македонија и Грција позитивно ќе влијае врз бизнисот“

Претседателот на Советот на странски инвеститори на Стопанската комора на Македонија вели деа граѓаните допрва ќе станат свесни за значењето на потпишаниот договор кој ќе ја олесни интеграцијата на нашата држава во ЕУ

понеделник, 18 јуни 2018

Договорот што го потпишаа Македонија и Грција за решавање на спорот со името ќе има огромно позитивно влијание врз бизнисот, смета Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори на Стопанската комора на Македонија.

„На граѓаните нема токму денес да им биде јасно што значат настаните од минатиот викенд, но има време пред нас во кое ќе им овозможиме да разберат“, рече Петер, според кого договорот е прва цигла од куќата наречена Европска унија.

„Јас сум европски бизнисмен и јасни ми се придобивките од тоа што Македонија ќе биде интегрирана во ЕУ. Минатиот викенд се покажа дека Македонија не е остров и дека е во интеракција со своите соседи. Истото важи и за странските инвеститори во Македонија, тие не се остров, тие се интегрираат себе си во македонското општество“, истакна Петер.

Тој го најави претстојниот трет „Светски пикник“ што ќе се одржи во недела на 24 јуни во Градски парк во Скопје, со цел презентирање на културата на земјите чии компании се членки на Советот на странски инвеститори. Посетителите ќе имаат можност за 100 денари да дегустираат некој од националните специјалитети, како виенска шницла, француски кроасани, турски донер, грчко гиро...Настанот е има и хуманитарен карактер, бидејќи сите собрани средства ќе бидат донирани во народни кујни.
 

Содржината е прочитана 96 пати.