Интервјуа

„Парк Резиденс“ – приказна за модерното живеење

Интервју со Нина Шерифовска, извршен менаџер на „Парк Резиденс“ Скопје, која говори за предностите да се живее и работи во репрезентативниот станбено деловен комплекс сместен на кејот на Вардар, но и за корпоративната одговорност на компанијата докажана со учество во бројни хуманитарни проекти

понеделник, 18 јуни 2018

МАРИЛИ: Госпоѓа Шерифовска, од позицијата извршен менаџер на луксузниот станбен и деловен комплекс „Парк Резиденс“ во Скопје, кажете ни нешто повеќе за капацитетот и за опременоста на овој објект.
ШЕРИФОВСКА:
„Парк Резиденс“ е резиденцијален објект со апартмани за домување и за деловни простории, кои зафаќаат 32.264 m2 површина, во кој се инвестирани повеќе од 25 милиони евра домашен капитал. Во изградбата се користени материјали од светски брендови, како што се Cotto D’ ieste, M&Z, VIP, BAUDZT, Progetti, Rossini, кои се потврдени и од овластените институции во земјава, а тоа е повеќе од гаранција за високиот квалитет што, пред сè, им обезбедува удобност и сигурност на нашите резиденти. 

МАРИЛИ: Што може да им понудите на Вашите потенцијални станари? Со каков тип простор располагате?
ШЕРИФОВСКА:
Станбениот и деловниот комплекс „Парк Резиденс“ располага со 126 апартмани со површина од 70 м2 до 260 м2 и деловни простории што зафаќаат површина од 5.000 м2. Ова е комплекс во кој не купувате само простор туку станувате дел од едно големо семејство. Семејство што 24 часа се грижи за вашата хармонија, чиј систем на вредности ве одржува и вашиот живот и секојдневното функционирање ги прави многу полесни. Кај нас секој апартман има своја посебна приказна, со поглед кон реката Вардар, арената „Филип Втори“, дуплекси со галерии карактеристични и наменети за младите брачни парови што го обожаваат скандинавскиот стил на живеење. Имаме и апартмани со стаклени покриви од каде што се отвора посебен прекрасен поглед кон околината, кои нè прават горди и единствени во градот. Работењето кај нас претставува задоволство, тоа го докажуваат нашите бизнис-резиденти што ги уживаат сите погодности во поглед на зеленото опкружување, а, сепак, имаат можност својата дејност да ја извршуваат во центарот на градот каде што имаат одлична пристапност, како за нив, така и за сите нивни соработници и клиенти. Дел од нашето големо семејство се игротеката „Фан Хаус“, ексклузивниот бутик за луксузна облека и накит „Арабеска“, центарот за убавина „Еми Феј“, „Стем Академија“, ординацијата за консултации за естетска хирургија „Ас Медикал“. 

МАРИЛИ: Кои се карактеристиките на луксузниот станбен и деловен комплекс „Парк Резиденс“? Дали во енергетската ефикасност, дизајнот или и во нешто друго?
ШЕРИФОВСКА:
„Парк Резиденс“ е граден според светски стандарди, при што се користени материјали од светските брендови, а тоа навистина го прави единствен кога станува збор за енергетската ефикасност и дизајнот. Објектот има одлична звучна и термичка изолација, еколошко ладење и греење на база на геотермални пумпи што штедат значителна сума од буџетот на едно семејство. Светли, пространи, комфорни, лесно достапни простори со различна квадратури, кои може да се адаптираат на барањето и на потребите на нашите клиенти, со цел решавањето на станбеното прашање да не претставува тешкотија, туку задоволство, место каде што со нетрпение ќе сакате да се вратите. Предлог-решението за внатрешно уредување е само дополнување на услугите што ги нудиме.
„Парк Резиденс“ има административен тим и тим што се грижи за комплетното одржување на објектот, кои работат на исполнувањето на сите барања на нашите клиенти, а, пред сè, се грижат за непречено уживање во домот и во работата. Флексибилноста е наша предност, кај нас, едноставно, не постои опцијата – не може.
Меѓутоа, тоа што навистина го прави „Парк Резиденс“ посебен е тоа што кога се живее или кога се престојува во него, резидентите немаат само стан туку дом во кој имаат парк за свој двор, мастер-шефови за гастрономија, центри за убавина, теретана, игротека, паркинг, пералница и многу други содржини и бенефиции што им го олеснуваат животот во однос на секојдневните обврски. 

МАРИЛИ: Која е предноста на овој комплекс од аспект на местото за живеење, особено за љубителите на убавиот животен простор? А која е предноста кога станува збор за деловни канцеларии?
ШЕРИФОВСКА:
Кога говориме за грижа за целото семејство, да не ги заборавиме и домашните миленици, односно нашата Pet – friendly култура што со задоволство ја создаваме, со цел семејното уживање да биде комплетно во секој дел од нашиот комплекс. Самиот комплекс е позициониран „во срцето на природата“, Вардар ѝ дава посебна топлина на околината и шири посебна релаксирачка енергија што им одговара на станарите затоа што имаат прекрасен поглед од својот дом. Ако имаат желба да излезат, може да испијат кафе во кафе-баровите што се дел од „Парк Резиденс“ или, пак, да ги пробаат специјалитетите на ресторанот „FOUR“ или на „TWINS Kitchen & Wine“. Посебност на овој комплекс е неговото опкружување. Чист воздух секојдневно, без загадување на околината, доволно е што станарите се сместени на самиот кеј, а тој простор ги мотивира да бидат повеќе физички активни. Ако не е доволно тоа, на располагање им е и најмодерно опремен фитнес-центар, а по напорниот ден може да користат спа, масажи, сауна. Во однос на деловните простори, самата локација покажува еден повисок степен на сериозност на бизнисот. За клиентите доволен е погледот кон околината во која треба да работат или, пак, да соработуваат со одредена фирма за да решат дека ова е вистинското место за работа поради прекрасната атмосфера и енергијата што ја има наоколу. Поради местоположбата на овој комплекс сите бизнис-состаноци и обврски ќе бидат навреме завршени бидејќи се наоѓа во строгиот центар на градот, а тимот ќе може беспрекорно да функционира поради мирот што преовладува во комплексот. Апартманските и деловните единици поседуваат енергетско-ефикасен систем за греење и за ладење и ги исполнуваат сите највисоки европски технички и градежни нормативи. Обезбеден е 24-часовен мониторинг на целиот објект, видеофонија, алармен систем и секако паркинг-место за нашите резиденти.

МАРИЛИ: Вашата компанија е свртена кон општествената заедница со многубројни хуманитарни проекти. Наведете кои се тие и дали и во иднина ќе продолжите во оваа насока?
ШЕРИФОВСКА: Хуманоста, пред сè, е лична карактеристика на секој од тимот на „Парк Резиденс“, можеби токму поради тоа совршено функционира нашата пријателска и деловна врска. Па, оттука и нашата корпоративна општествена одговорност е поставена високо во нашите стратегиски планови и нè прави горди како компанија. Нашиот успех е можноста да одвојуваме дел од буџетот и да го намениме токму за таа ранлива група граѓани што не биле во можност да обезбедат свој дом, па таа цел со задоволство ја остваруваме. Проектирање и изведба на семејни куќи, комплетно опремени со техничка опрема, мебел и апарати за домаќинство што ги враќаат насмевката и желбата за живот на тие семејства. Како и во минатото, така и во иднина сигурно ќе продолжиме со сите свои напори да вложуваме и да подобруваме барем еден дел од општеството. 

МАРИЛИ: Како успешна жена во бизнисот кажете ни во што е тежината, но и убавината на Вашето работење и колку е важно жената да биде професионално реализирана?
ШЕРИФОВСКА:
Пред сè, мислам дека е најважно да се постави цел, а упорноста, ентузијазмот и динамичноста е тоа што ме карактеризира и едноставно ме прави да можам со задоволство и со ентузијазам да пристапувам кон решавањето на секој проблем, а секако дека на патот на успехот се појавуваат проблеми. Сè понатаму е многу полесно. Желбата е тоа што ме следи како сенка во остварувањето на сите мои приватни и цели на компанијата. Оваа работна позиција е специфична сама по себе, потребни се голема ангажираност, посветеност и лојалност. „Парк Резиденс“ е препознатлив бренд и дополнителна сатисфакција ми е успешноста во менаџирањето на комплексот. Тука е и беспрекорната соработка со моите колеги и поддршката од мојот тим. Тежината и обемот на моите работни обврски избледуваат кога има добри резултати. Семејството, мојот сопруг и моите две прекрасни деца се столб за мојот успех, тие ми се поттик за напредок. Тие ми ја даваат енергијата кога сум преморена, ме охрабруваат кога сум во дилема, едноставно, тие се мојот мир во душата и хармонија во домот.
 

Содржината е прочитана 366 пати.