Бизнис вести

Охридска банка воведе Лифт бизнис кредит – за ниво погоре

Кредитот е наменет за малите и средни претпријатија и е со фиксна каматна стапка од 5,5 проценти за целиот период на исплата на кредитот, односно, за период од 13 до 36 месеци, за обртни средства, индексиран во евра, за износи од 5.000 до 50.000 евра

среда, 13 јуни 2018

Охридска банка Сосиете Женерал воведе нов производ во своето корпоративно кредитно портфолио. Станува збор за нов бизнис кредит – Лифт кредит, наменет за мали и средни претпријатија кои имаат потреба од финансирање на тековните деловни активности.

Од Банката соопштуваат дека Лифт - бизнис кредитот e креиран со цел да им помогне на малите и средни претријатија да го подигнат својот бизнис на едно повиско ниво, односно, преку поволна каматна стапка и атрактивна понуда без дополнителни трошоци да можат да го унапредат своето работење, да набавуваат материјали и стока, да го финансираат тековно производство, или генерално да ја подобрат својата ликвидност.

„Почнувајки од денес, сите заинтересирани мали и средни претпријатија, може да аплицираат за Лифт – бизнис кредит во Охридска банка Сосиете Женерал и да го искористат промотивниот период кој ги ослободува клиентите од провизија за исплаќање на кредитот, како и од провизија за одржување“, соопштуваат од Охридска банка.

Новиот Лифт бизнис кредит е со фиксна каматна стапка од 5,5 проценти за целиот период на исплата на кредитот, односно, за период од 13 до 36 месеци, за обртни средства, индексиран во евра, за износи од 5.000 до 50.000 евра.
Повеќе информации за овој кредит, но и за останатите производи на Банката може да се добијат на www.ohridskabanka.mk, или во експозитурите на Банката.

 

Содржината е прочитана 58 пати.