Инфо

Издадена 17. емисија обврзници за денационализација

Оваа емисија обврзници ги опфаќа сите правосилни решенија за денационализација од 1.2.2017 година до 31.1.2018 година со кои како надомест се даваат обврзници

среда, 13 јуни 2018

Државата денеска ја емитуваше 17. емисија обврзници за денационализација во вкупен износ од 5 милиони евра, соопшти Министерството за финансии.

Со 17. емисија на обврзниците за денационализација опфатени се сите правосилни решенија за денационализација од 1.2.2017 година до 31.1.2018 година со кои како надомест се даваат обврзници.

Тргувањето со обврзниците за денационализација ќе се врши на Македонска берза АД Скопје, со посредство на брокерските куќи и банките – членки на Македонската берза.

Пред рокот за нивното достасување, граѓаните може да ги користат обврзниците за денационализација за отплата на становите во општествена сопственост, соопштуваат од Министерството.

 

Содржината е прочитана 36 пати.