Инфо

ЕЛЕМ: „Се исклучува Осломеј, се вклучува Блок 2 во РЕК“

Од компанијата соопштуваат дека откако е извршен превентивен зафат, Блок 2 во РЕК е веќе во мрежа и може да се вклучи во производниот процес

вторник, 12 јуни 2018

АД ЕЛЕМ соопшти дека ќе ја исклучи Термоелектраната „Осломеј“ и на нејзино место ќе го вклучи Блок 2 во РЕК Битола.

„И покрај тоа што дефектот на системот за водено отпепелување е отстранет и ТЕ ’Осломеј’ може да работи по сите еколошки стандарди, раководството на АД ЕЛЕМ одлучи да го запре производството на електрична енергија во електраната, имајќи ја предвид загриженоста и сензитивноста на населението од околните места“ информира ЕЛЕМ.

Од компанијата додаваат дека Блок 2 во РЕК Битола е веќе во мрежа, по превентивниот зафат во текот на викендот и може непречено да се вклучи во производниот процес.

 

Содржината е прочитана 60 пати.