Инфо

Македонија во април ја посетиле 82.635 туристи

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на регистрирани туристи е за 21,4 проценти поголем отколку во април минатата година

вторник, 12 јуни 2018

Вкупно 82.635 туристи ја посетиле Македонија во април годинава, што е за 21,4 проценти повеќе отколку во април лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Годинава во април биле регистрирани 164.183 ноќевања, што е зголемување за 17,2 отсто во однос на истиот месец минатата година.

Според статистичките бројки бројот на домашните туристи е зголемен за 12,3, а на странските гости за 25,5 отсто, додека бројот на ноќевањата на домашните туристи е зголемен за 6,1, а на странските за 24,5 проценти.

Во периодот јануари – април 2018 година, пак, во однос на истиот период лани бројот на туристите е зголемен за 18,7 проценти, и тоа кај домашните туристи за 10,8, а кај странските за 23 отсто.

Во истиот период од оваа година бројот на ноќевањата е зголемен за 17,5 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 10,3, а кај странските за 22,5 отсто.
 

Содржината е прочитана 28 пати.