Бизнис вести

Државата дава финансиска поддршка од 3,5 милиони денари за рибарство и 10 милиони денари за аквакултура

Средствата ќе се исплаќаат по принцип на кофинансирање на реализирани и исплатени инвестиции во висина од минимум 50 до максимум 65 проценти од вредноста на одобрените прифатливи трошоци

вторник, 12 јуни 2018

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави повик за доделување средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2018 година. Максималниот износ на финансиската поддршка изнесува 3,5 милиони денари за рибарство и 10 милиони денари за аквакултура.

Средствата се наменети за изградба на нови капацитети, за проширување, реконструкција и модернизација на постојните објекти за аквакултура, како и за изградба на нови капацитети за преработка на рибите и за набавка на опрема за доработка, преработка, складирање и пакување на рибите.

Финансиската поддршка ќе се исплаќа по принцип на кофинансирање на реализирани и исплатени инвестиции во висина од минимум 50 до максимум 65 проценти од вредноста на одобрените прифатливи трошоци.

Јавниот повик трае до 9 јули 2018 година.
 

Содржината е прочитана 65 пати.