Инфо

„ЈСП-Турс“ организира еднодневни излети до манастирите низ Македонија

Секоја недела до крајот на летово ќе бидат организирани 12 еднодневни излетнички тури

понеделник, 11 јуни 2018

„ЈСП-Турс“ започна со реализација на проектот „Лето во Македонија“ за развој и афирмирање на манастирскиот туризам во државава.

Секоја недела, до крајот на летово ќе бидат организирани 12 еднодневни излетнички тури до поголемите манастири ширум земјава. Турите ќе се реализираат со водич, со високотуристички автобус. Иако излетите се еднодневни, постои и можност за ноќевање во манастирските конаци.

Цената на билетите за еднодневните тури е различна и се движи од 250 до 500 денари, во зависност од манастирот којшто се посетува, а може да се купи и блок билет за сите 12 излети по цена од 3.000 денари. Со овој билет се добива и џебен водич за манастирите со сите побитни информации за манастирскиот локалитет.

Сите заинтересирани можат да се пријават или да добијат подетални информации на телефонските броеви 3060-350 и 3091-522.


 

Содржината е прочитана 115 пати.