Инфо

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар

Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, БС-95 ќе се продава по 72 денари за литар, БС-98 по 74 денари, а дизелот по 63,5 денари за литар

понеделник, 11 јуни 2018

Од ноќеска на полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 72 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 74 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 63,5 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и тоа за 0,749 денари и сега ќе изнесува 33,785 денари за килограм.

Како причина за намалувањето на малопродажната цена на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 4,75 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,899 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
 

Содржината е прочитана 65 пати.