Инфо

Промовирани осум грантови од ЕУ за општини и Националните паркови за подобро управување со заштитените подрачја

Грантовите во висина од 250.000 до 350.000 евра се во рамки на Програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја имплементирана од УНДП

петок, 08 јуни 2018

Трите Национални паркови и неколку општини добија грантови од Европската унија за подобро управување со заштитените подрачја. Во НП „Пелистер“ беа промовирани осумте големи грантисти на Програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја, вредна над 4 милиони евра, имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Грантовите се во висина од 250.000 до 350.000 евра

НП „Пелистер“ доби грант за зајакнување на капацитетите на паркот преку едукација на вработените и мониторинг, НП „Галичица“ за Промоција, конзервација и мониторинг на биодиверзитетот, а НП „Маврово“ за Конзервација и заштита на ретки видови.

Грантови добија и Општина Дојран (Дојранско Езеро) за обнова на екосистемот на Дојранско езеро, Општина Ресен (Преспанско Езеро и Езерани) за подобрување на капацитетот на Општина ресен за заштита и мониторинг на Преспанското Езеро и Паркот „Езерани“, Град Скопје (Матка, Водно, Сарај) за промоција на природните вредности на комплексот Водно-Матка-Сарај, како и општините Струга, Охрид и Дебрца (Охридско Езеро, река Сатеска) за заеднички проект за итно подобрување на квалитетот на водата во Охридското езеро

Грант доби и Јасен за заштита на разноликоста на природните вреднисти преку намалување на притисокот врз природата

„Веруваме дека овој проект ќе помогне да се заштити богатиот биодиверзитет на земјата и заштитените подрачја истовремено подобрувајќи ги и животите на луѓето. Европската унија продолжува да и помага на земјата во градењето на подобра иднина за нејзините граѓани“, изјави амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар.

Во март, во рамки на истата програма, беа промовирани 17 помали грантови доделени на општини и на граѓански здруженија кои добија средства во висина од 50.000 до 100.000 евра за проекти за заштита на природата.

 

Содржината е прочитана 60 пати.