Инфо

Од утре ќе бидат отворени спортските терени на песок на Градската плажа „Парк“

Игралиштата ќе бидат отворени секој ден во период од 10 до 24 часот

петок, 08 јуни 2018

Oдбојкарското и ракометното игралиште на песок на Градската плажа „Парк“ утре ги отвораат вратите за сите кои сакаат да спротуваат и да се рекреираат. Заинтересираните граѓани, ученици, студенти, рекреативци, спортски клубови и здруженија на граѓани можат бесплатно да ги користат овие игралишта на песок.

Спортските терени Градска плажа „Парк“ ќе бидат отворени за спорт и рекреација секој ден во термините од 10 до 24 часот.

Заинтересираните можат да закажат термин за користење секој ден на самите игралишта во горенаведениот период и на телефонскиот број 072/ 258- 441, во периодот од 10 до 23,30 часот. Терминот за бесплатно користење е со времетраење од 1 час.
 

Содржината е прочитана 79 пати.