Инфо

Поради трки, викендов ќе има привремен режим на сообраќај на Водно

Во сабота во период од 8 до 16 часот и во недела од 8 до 15, 30 часот ќе биде затворен дел од ул „Тодор Александров“ на потегот од ИЗИИС до Средно Водно

петок, 08 јуни 2018

Поради одржување на брзинско–ридскиот натпревар во автомобилизам „Награда на Скопје Водно 2018“ викендов ќе има привремен режим на сообраќај на Водно.

Градот Скопје ги известува граѓаните дека трката ќе се одржи на дел од улицата „Тодор Александров“ и патот кој води до Средно Водно. За таа цел, дел од улицата „Тодор Александров“, на потегот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ул. „Тодор Александров“ бр. 165) и патот до Средно Водно ќе бидат затворени за сообраќај во сабота во период од 8 до 16 часот и во недела од 8 до 15,30 часот.

Исто така, автобусите на ЈСП на линиите „25“, „25А“ и „25Б“ кои го поврзуваат градот Скопје и Средно Водно нема да сообраќаат, освен автобуската линија број „25“ која ќе вози со редовен возен ред по 16 часот во сабота, односно по 15,30 часот во недела.
 

Содржината е прочитана 59 пати.