Инфо

Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип го распиша конкурсот за упис на студенти за академската 2018/2019 година

На 15 факултети и академии на овој државен универзитет има 5.037 слободни места за нови бруцоши. Од нив 3.078 се за редовни студенти во државна квота, 1.064 се со кофинансирање, а 895 места се предвидени за вонредни студенти

среда, 06 јуни 2018

Универзитетот „Гоце Делечв“ во Штип распиша конкурс за упис на студенти за академската 2018/2019 година. На 15 факултети и академии на овој државен универзитет има 5.037 слободни места за нови бруцоши. Од нив 3.078 се за редовни студенти во државна квота, 1.064 се со кофинансирање, а 895 места се предвидени за вонредни студенти.

Првиот уписен рок е на 29, 30, 31 август и на 3 септември, по што следуваат вториот и третиот уписен рок во текот на септември.

Ректорот на УГД, Блажо Боев ги повика идните бруцоши да се запишат на овој Универзитет во што поголем број.

„Сакам да ги повикам завршените средношколци и идните студенти да дојдат на Универзитетот ’Гоце Делчев’ во Штип, бидејќи располагаме со соодветни услови и студентски програми со доволен број квалитетни наставници. Гарантираме дека ќе добиете квалитетно образование употребливо за времето кое доаѓа и дека ќе имате добар живот во градот Штип“, изјави ректорот на УГД, Блажо Боев.

Притоа појасни дека во овој конкурс нема поголеми измени во наставните програми во споредба со минатата година, освен со програмата на Филмската академија, во делот на современ и модерен танц и на македонски и на англиски јазик.

Новата академска година ќе започне на 1 октомври.

 

Содржината е прочитана 99 пати.