Инфо

Во сабота се отвора новата сезона во Аква паркот во Скопје

Годинава во Аква паркот има нова и модерна опрема, нов ентериер, тераса со удобни лежалки и три бара за пијалоци

среда, 06 јуни 2018

Вип Аква паркот во Скопје кој работи во рамките на СЦ „Борис Трајковски“ во сабота ја отвора новата, шеста сезона.

Летната авантура и гоинава продолжува на бумерангот, мрзливата река, базенот со бранови, спејс болот… каде ќе можат да уживаат малите, но и големите. Годинава во Аква паркот има нова и модерна опрема, нов ентериер, тераса со удобни лежалки и три бара за пијалоци.

За забавата на отварањето се задолжени диџеите на Сити Радио, Диџеј Дела и Диџеј Боби, заедно со Диџеј Ампов.
 

Содржината е прочитана 73 пати.