Инфо

Силк Роуд Банка воведе нов модул во апликацијата за електронско банкарство

Сите правни лица кои имаат сметка во банката вчитувањето на фолиото за платите на вработените може да го направат електронски преку апликацијата за електронско банкарство на Банката

вторник, 05 јуни 2018

Во насока на поедноставување и олеснување на процесот на исплата на плати, Силк Роуд Банка ги информира сите правни лица дека почнувајќи од денеска – 5 јуни 2018 година воведе нов модул во апликацијата за електронско банкарство со можност за вчитување на фолио за плати.

Тоа значи дека сега сите правни лица кои имаат сметка во банката вчитувањето на фолиото за платите на вработените може да го направат електронски преку апликацијата за електронско банкарство на Силк Роуд Банка, наместо како што беше до сега со доаѓање во експозитурите на банката.

Силк Роуд Банка и понатаму продолжува да го развива системот на електронско и мобилно банкарство во насока на следење на потребите на физичките и правните лица преку поедноставување на услугите и воведување на нови иновативни услуги на пазарот.

 

Содржината е прочитана 69 пати.