Инфо

ДДВ за станови останува пет отсто до 2023 година

Повластената стапка на ДДВ за прв промет на стан е продолжена на барање на градежниците, кои сметаат дека доколку се врати стапката од 18 отсто, тоа ќе ја зголеми и цената на станбениот квадрат за најмалку 13 проценти

вторник, 05 јуни 2018

Стапката на ДДВ за станови останува повластена пет отсто во следните пет години, изјави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски и појасни дека Министерството направи измени и во Законот за ДДВ со кои се продолжува повластената стапка на ДДВ од пет отсто заклучно до 2023 годинa.

Повластената стапка на ДДВ за прв промет на стан е продолжена на барање на градежниците, кои сметаат дека доколку се врати стапката од 18 отсто, тоа ќе ја зголеми и цената на станбениот квадрат за најмалку 13 проценти, што, пак, би го намалило прометот за 2 до 3 пати.

Повластената стапка на ДДВ од пет отсто за прва продажба на станови е донесена во 2011 година со важност од пет години. Ова е второ нејзино продолжување.

 

Содржината е прочитана 52 пати.