Инфо

На „Св.Апостол Павле“ слета првиот авион од новите сезонски летови Варшава-Охрид-Варшава

Летовите ќе се одвиваат секој понеделник во текот на летната сезона до 21 септември. Авионите од Варшава ќе пристигнуваат на аеродромот во Охрид во 16,20 часот, а ќе полетуваат за полскиот главен град во 18,30 часот

вторник, 05 јуни 2018

Вчера во 16,20 часот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ слета првиот Боинг 737-800 од Варшава, со што и официјално е означен почетокот на новите сезонски летови Варшава-Охрид-Варшава. Летот во организација на еден од двата најголеми полски тур-оператори „Рејнбоу“ го оперира чартер авиокомпанијата „Ентер Ер“.

Летовите ќе се одвиваат секој понеделник во текот на летната сезона до 21 септември. Авионите од Варшава ќе пристигнуваат на аеродромот во Охрид во 16,20 часот, а ќе полетуваат за полскиот главен град во 18,30 часот.

Сезонските летови од Варшава треба да донесат околу 3.000 патници на аеродромот во Охрид. Заедно со оние од линијата Катовице-Охрид, што беше отворена минатото лето, а се организирани од „Рего бис“ и „Смол Планет Ерлајнс“, се очекува летово на охридскиот аеродром да слетаат вкупно 9.000 патници од Полска.

Со овие 4 нови сезонски летови заедно со постоечките кон Амстердам, Брисел, Тел Авив и Катовице, аеродромот во Охрид има осум сезонски дестинации за време на летната сезона и три редовни рути во текот на годината кон Базел, Цирих и Лондон.

Од ноември 2018 година, „Виз ер“ ќе воведе нова редовна авиолинија од Охрид до Виена, која ќе функционира во текот на целата година.
 

Содржината е прочитана 82 пати.