Инфо

Термини за пасоши и за лични карти може да се закажуваат и преку мобилен

Мобилниот број 072 92 92 92 е најновата опција, покрај веб страницата на МВР и фиксниот телефон, што граѓаните може да ја користат за да закажат термин за аплицирање за биометриски документи

вторник, 05 јуни 2018

Oд денеска граѓаните може да закажуваат термини за аплицирање за биометриски лични документи и преку мобилниот број 072 92 92 92, информираше Министерството за внатрешни работи.

„Покрај онлајн закажувањето преку веб страницата на МВР (http://termin.mvr.gov.mk/) и со закажување преку фиксен телефон на бројот 0800 192 92, граѓаните ќе може да закажуваат термини и со јавување на мобилниот телефонски број 072 92 92 92. Обезбедени се 30 линии (оператори) кои ќе ги опслужуваат граѓаните и со тоа во голема мера ќе им се олесни побрзо да ги извадат своите лични документи“, се вели во соопштението од МВР.

 

Содржината е прочитана 56 пати.