Бизнис вести

Светозар Јаневски е личност на годината во Југоисточна Европа

Специјалната награда во рамки на Фестивалот „SEE a Paris“ им се додлеува на истакнати личности од регионот кои со своето делување и поддршката што ја обезбедуваат за културата, уметноста и останатите значајни општествени дејности значително придонесуваат за негувањето на европските вредности и севкупната европеизација на регионот на Југоисточна Европа

понеделник, 04 јуни 2018

Претседателот на управниот одбор на ВВ „Тиквеш“ и член на инвестициската група М6 – Светозар Јаневски е добитник на годинешната награда за личност на годината во Југоисточна Европа – SEE Persoinality 2018.

Добитници на оваа специјална награда којашто се доделува во рамки на Фестивалот „SEE a Paris“ се истакнати личности од регионот кои со своето делување и поддршката што ја обезбедуваат за културата, уметноста и останатите значајни општествени дејности значително придонесуваат за негувањето на европските вредности и севкупната европеизација на регионот на Југоисточна Европа.

На осмото издание на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа – „SEE a Paris”, кое се одржа од 30 мај до 2 јуни во Париз под покровителството на Министерството за култура на Франција, беа прикажани голем број играни, кратки, документарни и анимирани филмови од 15 земји од регионот, што беше одлична можност за презентирање на достигнувањата во областа на филмската уметност од сите земји во Југоисточна Европа, меѓу кои и од Македонија.

Признанието на господинот Јаневски му беше доделено на церемонијата на доделување на наградите што се одржа на 2 јуни во амфитеатарот на INALCO, Paris Cite Sorbonne.
 

Содржината е прочитана 71 пати.