Инфо

Земјотрес со магнитуда од 2,8 степени го стресе Скопје

Потресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала

понеделник, 04 јуни 2018

Земјотрес со Рихтерова магнитуда од 2,8 степени е регистриран синоќа во 21 часот и 29 минути во скопското епицентрално подрачје. Епицентраот на земјотртесот бил во населбата Ченто, на длабочина од 1 километар.

Сеизмолошката опсерваторија при Природноматематичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
 

Содржината е прочитана 56 пати.