Инфо

Уште 45 нови места за надополнување на „Скопска“

Од ЈСП информираат дека до денеска се оспособени 45 апарати во секундарната продажна мрежа, што значи дека освен во 32 билетарници на претпријатието, електронската картичка може да се надополнува и на уште 45 локации (маркети,трафики и слично)

петок, 01 јуни 2018

Електронската картичка „Скопска“, освен на билетарниците на ЈСП сега може да се надополнува на уште 45 други локации, а до среда 6 јуни во функција ќе бидат ставени уште 15 апарати.

Од претпријатието информираат дека до денеска се оспособени 45апарати од Интегрираниот тарифен систем во секундарната продажна мрежа, што значи дека освен во 32 билетарници на претпријатието, „Скопска“ може да се надополнува и на уште 45 локации (маркети,трафики и слично) на најфрекфентните места низ општините.

„Сакаме да потенцираме, дека ЈСП уште истиот ден (28.05.2018) кога истече договорот со фирмата-мастер дилер за продажба на нашите услуги почна да ги оспособува апаратите во секундарната продажна мрежа.
Во меѓувреме, ЈСП објави јавен повик до сите заинтересирани субјекти за соработка, што значи дека продажната мрежа ќе се шири. На колку дополнително места ќе може да се купува и надополнува ’Скопска’, независно од досегашната развиена мрежа, ќе зависи од интересот на субјектите до кои има јавен повик за соработка“, велат од ЈСП.
 

Содржината е прочитана 103 пати.