Бизнис вести

Стопанствениците до Македонија и од регионот заеднички ќе ги освојуваат француските пазари на Бизнис форумот „Франција – Балкан 2018“

Главниот фокус на Форумот, учествуваат над 400 компании од 12 земји е претставување на можностите и финансиската поддршка коишто ЕУ преку Берлинсиот процес и заедничките фондови ги нуди на земјите од Западен Балкан за поттикнување на економската соработка

четврток, 31 мај 2018

Зголемување на трговската размена меѓу Франција и земјите од регионот, искористување на потенцијалите за заедничка соработка, промоција на трговијата, со посебен акцент на воспоставување конкретни соработки во областа на земјоделството, ИКТ, инфраструктура и енергетскиот сектор како и обновливи извори на енергија е главниот фокус на Бизнис форумот „Франција – Балкан 2018“ што деновиве во Белград го организира „Бизнис Франција“, агенција на Владата на Франција со поддршка на Амбасадата на Гранција во Република Македонија.

Главниот фокус на Форумот, на кој меѓу претставниците на над 400 компании од 12 земји учествува и бизнис делегација од Стопанската комора на Македонија е претставување на можностите и финансиската поддршка коишто ЕУ преку Берлинсиот процес и заедничките фондови ги нуди на земјите од Западен Балкан за поттикнување на економската соработка, како и за полесно пробивање и наоѓање партнери за соработка со земјите од Европската унија.

„Настапувајќи како регион го зголемуваме интересот на француските компаниии за пристап до пазар од над 20 милиони жители. Ова е прв чекор кој има за цел да ја зголеми трговската размена меѓу Франција и земјите од регионот. Делегатите на Сојузот имаа можност да се запознаат со идните деловни партнери кои би сакале да купат производи, да добијат знаење, да најдат индустриски партнер за коинвестирање, да воспостават соработка со локалните компании за аутсорсинг или за заеднички влез на трет пазар“, рече Александар Милошевски, потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија и додаде дека Сојузот заедно со останатите комори од регионот заеднички ќе делуваат за поддршка на зголемувањето на соработката со француските компании преку единствена

Претседателот на Градежната комора на Македонија, Ивица Јаќимовски ја потенцираше важноста од регионалните градежни проекти во функција на развој на градежниот сектор, а со тоа и зголемување на конкурентноста и раст на севкупната економија на ниво на целиот регион.

„Градежните компании од регионот здружени во конзорциуми и кластери можат да ја унапредат продуктивноста и да бидат конкурентни за големи инфраструктурни проекти како во регионот, така и на трети пазари. Обединувањето на капацитетите во секторот градежништво, дополнително и во соработка со француските компании, значи унапредување на регионална економска соработка во областа на градежништвото“, рече Јаќимовски.

Во 2017 година Франција беше 23.трговски партнер во надворешно-трговската размена на Република Македонија. Вкупната трговска размена на Македонија и Франција за периодот јануари – март 2018 година изнесува 50,3 милиони долари, што претставува раст од скоро 67,7 проценти во однос на истиот период претходната година.
 

Содржината е прочитана 69 пати.