Бизнис вести

„Google“ повторно на врвот на ранг листата најскапи компании во светот

Во топ 10 најскапи брендови во светот, за прв пат се најдоа две кинески компании, „Alibaba“ и „Tencent“,

четврток, 31 мај 2018

Со вредност од 302 милијарди долари „Google“ и натаму е прво место на ранг листата „BrandZ“ најскапи компании во светот. „Google“ ја зазема лидерската позиција во осум од изминатите 12 години, а овој пат вредноста на компанијата се зголеми за 23 проценти во однос на минатата година.

Во топ 10 најскапи брендови во светот, за прв пат се најдоа и две кинески компании. Тоа се „Alibaba“ и „Tencent“, кои се во друштво со гиганти како „Apple“, „Amazon“, „Microsoft“...

„Alibaba“ на милијардерот Џек Ма, е позиционирана на девето место на ранг листата со вредност проценета на 113 милијарди долари, што е двојно зголемена во однос на минатата година, откако, покрај електронската трговија почна да работи и со плаќање преку мобилен телефон.

„Tencent“, пак, првата кинеска компанија со пазарна капитализација која надминува 500 милијарди долари е на петто место, со вредност од 179 милијарди долари, што претставува раст од 65 отсто од лани, кога за прв пат се најде во првите топ 10 компании. Овој пат, зад себе ги остави брендовите „Facebook“, „Visa“ и „McDonald’s“. „Tencent“ е активна во областа на он-лајн игрите, апликациите, комуникациите и платежните услуги.

Ова е листата на топ 10 најскапи брендови во светот

1. „Google“
2. „Apple“
3. „Amazon“
4. „Microsoft“
5. „Tencent“
6. „Facebook“
7. „Visa“
8. „McDonald’s“
9. „Alibaba“
10. „AT&T“
 

Содржината е прочитана 61 пати.