Инфо

Паркинзите на ЈП „Градски паркинг“ од утре со летно работно време

Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде од понеделник до сабота од 7 до 23 часот

четврток, 31 мај 2018

Од утре, 1 јуни, почнува летното сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува Јавното претпријатие „Градски паркинг“.

Тоа значи дека работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде од понеделник до сабота од 7 до 23 часот.

„Им препорачуваме на сите корисници на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирањето согласно со наведеното работно време, со што би се спречило нивно казнување“, соопшти „Градски паркинг“.
 

Содржината е прочитана 135 пати.