Инфо

Бесплатна автобуска линија бр.28 до Македонско село

Одлучено е линиите со број 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и со број 25Б (Дом на печат – Средно Водно), кои досега функционираа како пробни, сега да станат дел од редовниот линиски превоз

четврток, 31 мај 2018

Од викендов се воведува бесплатен превоз на патници на автобуската линија број 28 што сообраќа од Транспортен центар до Македонско село во Нерези. Бесплатниот превоз ќе важи за викендите (сабота и недела) и во денови на државен празник.

Од ЈСП информираат дека истовремено е донесена и одлука автобуските линии со број 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и број 25Б (Дом на печат – Средно Водно), кои досега функционираа како пробни, сега да станат дел од редовниот линиски превоз, покрај линијата 25 (Транспортен центар-Средно Водно) која веќе извесен период е редовна автобуска линија. Превозот на посочените линии како и досега ќе биде бесплатен за време на викенди и државни празници.

„Потребата од воведување бесплатен превоз на наведените линии е иницирана од Град Скопје, по предлог на голем број граѓани, пред се, од еколошки аспект и заради ставање ред во контролирано и регулирано движење до Средно Водно и подрачјето на Нерези (Македонско село). Сметаме дека бесплатниот превоз ќе ги поттикне граѓаните да ги остават своите возила и да го користат јавниот автобуски превоз за време на викенди и државни празници и да придонесат за зачувување на природните убавини на Водно и во подрачјето на Нерези“, се вели во соопштението од ЈСП.
 

Содржината е прочитана 106 пати.