Бизнис вести

Дали сте подготвени за нов кулинарски предизвик со Марина Анчевска?

На 6. јуни во 18 часот на поткровјето во Јавна Соба имате можност да се запознаете со Марина Анчевска, НЛП тренер, мотивациски и конференциски говорник, писател, јога учител и експерт за коучинг специјалитети. Ќе добиете намирници и задача што треба да биде завршена во одреден период

среда, 30 мај 2018

Преку забавна, едукативна и инспиративна работилница можете да направите нешто ново и инвентивно за вас и вашиот тим, да ги откриете вашите вештини како коуч и на креативен начин да ги разбудите вашите сетила и да се ослободите од стрес.

Коучингот, како моќна алатка се однесува на повеќе аспекти и подразбира активна комуникација со членовите во тимот или во организацијата за подобро да се идентификуваат заедничките цели и вредности. Колку сте креативен, како комуницирате, дали поседувате лидерски способности, како се справувате со стрес? Овие и уште многу други значајни карактеристики ќе бидете во можност да ги откриете во интерактивна атмосфера каде колективно ја дегустирате зготвената храна со чаша вино.

На 6. јуни во 18часот на поткровјето во Јавна Соба ќе се запознаеме со Марина Анчевска, НЛП тренер, мотивациски и конференциски говорник, писател, јога учител и експерт за коучинг специјалитети.

Резервирајте си го вашето место на време !

Цена на билет 1.200 денари (продажба online или на барот во Јавна Соба )

Инфо: ina@publicroom.org
 

Содржината е прочитана 101 пати.