Инфо

Жителите на Цирих имаат највисока просечна нето плата од 5.764 долари

„Бизнис инсајдер“ ја изготви листата од топ 28 светси градови врз основа на годишниот извештај на Дојче банк „Мапирање на светските цени“ во кој се споредуваат трошоците за стоки и услуги во големите градови низ целиот свет и се анализира животниот стандард на граѓаните

понеделник, 28 мај 2018

Цирих во Швајцарија е градот во кој се заработува најмногу пари, поточно градот со највисока просечна месечна нето плата од 5.764 американски долари. По него е Сан Франциско со 4.974 долари, па следуваат Њујорк со 4.115, Сиднеј во Австралија со 3.914 и Бостон во САД со просечна нето плата од 3.740 долари.

Овие пет градови ја предводат листата од топ светски 28 градови, што „Бизнис инсајдер“ ја изготви врз основа на годишниот извештај на Дојче банк „Мапирање на светските цени“. Во извештајот се споредуваат трошоците за стоки и услуги во големите градови низ целиот свет и се анализира животниот стандард на граѓаните – од просечната цена на кирија до онаа на една кутија цигари. Еден од факторите што го истражува банката и се користи за извлекување на заклучоците е колку заработуваат вработените во просек секој месец, како показател за нивото на богатство во одреден град.

Градовите на врвот од листата се финансиски центри каде што трошоците за живот се повисоки, како резултат на што се повисоки и платите. Најдобро котираат градовите од северната хемисфера, односно од развиените западни земји, но, сепак, има и градови јужната хемисфера, како Мелбурн и Велингтон во Нов Зеланд.

Ова е листата на топ 28 светски градови о највисоки плати

1. Цирих, Швајцарија – 5 764 долари
2. Сан Франциско, САД – 4 974 долари
3. Њујорк, САД – 4 115 долари
4. Сиднеј, Австралија – 3 914 долари
5. Бостон, САД – 3 740 долари
6. Осло, Норвешка – 3 664 долари
7. Чикаго, САД – 3 650 долари
8. Копенхаген, Данска – 3 462 долари
9. Дубаи, ОАЕ – 3 447 долари
10. Франкфурт, Германија – 3 389 долари
11. Лондон, Обединето Кралство – 3 381 долари
12. Мелбурн, Австралија – 3 263 долари
13. Сингапур – 3 099 долари
14. Амстердам, Холандија – 3 058 долари
15. Токио, Јапонија – 3 004 долари
16. Стокхолм, Шведска – 2 999 долари
17. Хелсинки, Финска – 2 988 долари
18. Велингтон, Нов Зеланд – 2 946 долари
19. Париз, Франција – 2 886 долари
20. Даблин, Ирска – 2 762 долари
21. Окленд, Нов Зеланд – 2 723 долари
22. Единбург, Велика Британија – 2 565 долари
23. Хонг Конг, Хонг Конг – 2 550 долари
24. Торонто, Канада – 2 519 долари
25. Берлин, Германија – 2 482 долари
26. Брисел, Белгија – 2 480 долари
27. Ванкувер, Канада – 2 458 долари
28. Виена, Австрија – 2 425 долари
 

Содржината е прочитана 100 пати.