Инфо

Горивата поскапуваат за два денари од литар

Од полноќ новата цена на Еуросупер 95 ќе биде 73,5 денари за литар, Еуросупер 98 ќе достигне рекордни 75,5 денари, а дизелот ќе се продава по цена од 65 денари за литар

понеделник, 28 мај 2018

Од ноќеска на полноќ горивата ќе поскапат за два денари од литар, што значи дека во Македонија ќе се вози поскап и бензин и дизел.

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи новата цена на Еуросупер 95 од полноќ да биде 73,5 денари за литар, додека, пак, Еуросупер 98 ќе достигне рекордни 75,5 денари. Дизелот ќе се продава по цена од 65 денари за литар.

Екстра лесното масло ќе биде 54 денари, додека пак мазутот 34,5 денари.

 

Содржината е прочитана 72 пати.